Повеќе од 18,4 милиони луѓе на Африкански Рог се изложени на ризик од глад

Мајка и деца во Африкански Рог
Фото: EPA/DAI KUROKAWA

По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Африкански Рог се соочуваат со закана од глад, покажуваат денеска објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца во погодените области се сметаат за неухранети, а околу два милиони тешко неухранети, покажуваат објавените бројки.

Кризата се влошува со фактот дека недостигот на вода и храна предизвика смрт на околу седум милиони животни. За номадските и полуномадските народи во овие региони, загубата на говеда, овци и кози не само што им ја одзема економската основа, туку недостигот на млеко придонесе и за неисхранетост на децата.

Војната во Украина, исто така, создаде тешки последици по цената на храната во регионот, а недостигот на испораки на жито ја влоши ситуацијата со снабдувањето со храна и ги соочи програмите за хуманитарна помош со дополнителни предизвици.

Многу бунари пресушија, а цените за испорака на вода се зголемија за 71 отсто од ноември 2021 година, според OCHA. Покрај тоа, недостигот на вода доведува до влошување на хигиената и до здравствени проблеми. Од јануари 2021 година, повеќе од еден милион луѓе ги напуштиле своите села, вклучувајќи 805 000 само во Сомалија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот