Потврди претседателот на Сантос: Разговаравме за враќање на Нејмар

Фото: EPA-EFE/Andre Borges

Бразилскиот Сантос, поточно претседателот на овој клуб, Марсело Тешеира потврди дека оствариле краток разговор со Нејмар за негово враќање во клубот.

Нејмар кариерата ја започна во Сантос од каде што направи трансфер во Барселона, а денес кога е далеку од деновите кога го играше најдобриот фудбал го носи дресот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.

„Со Нејмар имавме краток брз разговор, а од искуство знам дека брзите разговори често пати имаат позитивен ефект. Го прашав дали би се вратил да игра за Сантос, но прво мора да се опорави од повредата. Тој ќе продолжи во Саудиска Арабија, по истекот на договорот би можел да се врати кај нас“, изјавил Тешеира за медиумите.

Договорот на Нејмар со Ал Хилал има важност до летото 2025 година, а надвор од терените поради повредата ќе биде до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот