Потврден датумот: Тајсон Фјури се враќа во рингот, но не против Џошуа

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури ќе се врати во рингот на 3. декември.

Иако Фјури најавуваше дека во рингот ќе се врати само за борба против неговиот сонародник Ентони Џошуа, сепак сега ќе има друг противник. Фјури ќе ги вкрсти ракавиците со Дерек Чисора.

Борбата веќе е закажана и ја потврди самиот Фјури. Во кариерата Фјури двапати го совлада Чисора кој има 33 победи и 12 порази. Првата борба ја имаа во мај 2011 година, тогаш Фјури победи со едногласна одлука на судиите, три години подоцна Чисора ја предаде борбата. Двете борби се одржуваа во Лондон.

Лондон ќе биде местото и на оваа трета пресметка помеѓу двајцата боксери. Борбата ќе се одржи на стадионот на Тотенхем. Фјури во борбата можеби влегува како фаворит, но Чисора сигурно дека нема предвреме да се предаде.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот