Потпишување Декларација за фер, слободни и демократски избори

Фото: Институт Охрид

Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска во Скопје ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза.

Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан во организација на Институт Охрид, кој започна од 2014 година и се одржува пред секои избори.

Потпишувањето на оваа Декларација, како што соопштија од Институтот Охрид, треба да пренесе јасна порака до јавноста дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот