Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МВР, Јавно обвинителство и Царинска управа

Фото: Царинска управа

Превентивно делување и успешни заеднички истраги и акции кои ќе водат кон сузбивање на организираниот криминал, шверцот и недозволената трговија со оружје. Ова е целта на денешниот Трилатерален Меморандум за соработка во областа на криминалот со огнено оружје, потпишан помеѓу Царинска управа, Министерство за внатрешни работи и Јавно обвинителство. Договорот од страна на Царинската управа го потпиша помошник директорот на Секторот за контрола и истраги, Саша Огненовиќ.

Со потпишување на Меморандумот се создаваат неопходните основи за започнување на проектот Јустиција (Iusticia) на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал, којшто ќе започне да се спроведува од декември годинава, а чија цел е сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје во Западен Балкан.

Со Меморандумот се овозможува дејствување на „Меѓуресорска работна група за координација на борбата против криминалот поврзан со огнено оружје“. Нејзиното делување ќе биде насочено кон зајакнување на соработката помеѓу институциите, унапредување на процесот на размена на информации и формирање „трак рекорд“ за кривичните дела поврзани со огнено оружје од отворањето на истрагата, гонење и покренување на обвинителен акт се до носење правосилна пресуда.

Огненовиќ истакна дека Царинската управа во континуитет презема активности се со цел спречување на нелегалната трговија со оружје. Во оваа насока донесена е Стратегија за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција 2023 – 2027, како и Акционен план за 2023-2024, во надлежност на Секторот за контрола и истраги.

Мерките и активностите што се спроведуваат во рамки на Стратегијата се во насока на ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје.

Воедно, како што потенцира Огненовиќ во рамки на проектот Хермес, за што претходно е потпишан Меморандум со АД Пошта ќе биде обезбедена опрема што ќе биде поставена на царинските испостави Пошта и на Меѓународен Аеродром Скопје за контрола на поштенските пратки и детекција и откривање на мало и лесно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот