Потекло на свадбената традиција: Поради овај чуден обичај, невестите почнале да го фрлаат бидермаерот

Моментот кога невестата се врти со грбот и го фрла бидермаерот, а сите немажени и слободни девојки застануваат во борба за букетот е неизоставен дел на секоја свадба.

Пред стотина години постоело верување дека ако ја допрете невестата, ќе ве следи среќа, а уште поголема радост ќе ве чека ако откините дел од венчаницата или од велот.

За да не бидат во центар на вниманието и за гостите да не им ги расипуваат венчаниците и веловите, невестите почнале да фрлаат бидермаер. На тој начин ги насочиле гостите да трчаат по букетот, наместо по нив.

Обичајот со фаќање на бидермаерот гостите го дочекале со воодушевување. Така настанало верувањето дека жена која ќе го фати бидермаерот е следна која ќе застане на лудиот камен.

The post Потекло на свадбената традиција: Поради овај чуден обичај, невестите почнале да го фрлаат бидермаерот appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот