Фото: EPA-EFE/GALI TIBBON / POOL

„Последните случувања Израел-Косово, почеток на една нова ера“

Трамп го стори она што другите не успеаја да го сторат 20 години

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изрази оптимизам дека Косово и Израел ќе постигнат многу со заедничка работа во писмо кое го испрати до косовскиот народот.

Тој писмото го испрати по повод манифестацијата за еврејската нова година Рош Хашана во Приштина.

„Во оваа Нова година ја подавам раката на пријателство кон народот на Косово. Неодамнешните случувања меѓу Израел и Косово може да бидат почеток на новата ера од која ќе имаат корист народите од двете земји. Јас сум оптимист дека можеме да постигнеме многу со заедничка работа и моја искрена надеж е дека ова ќе го реализираме“, напиша тој во своето писмо.

Нетанјаху во писмото се заблагодари и на посветеноста на косовските Евреи.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи на манифестацијата изјави дека е чест за Косово што овој празник се слави на Косово со долгоочекуваната вест за признавање од страна на државата Израел.

Тој истакна дека историското пријателство меѓу двата народа од ден на ден се зајакнува и дека се гради посебен мост за комуникација од кој Косово и Израел.

„Овој голем настан го одбележуваме со историски момент за двете земји. Ќе имаме повеќе функционални авиокомпании, има безбедносен карактер, ќе бидеме заедно во борбата против тероризмот. Признавањето на Израел е од стратешко значење, ќе го зајакне Косово и неговата улога како силна меѓународна субјективност. Ова меѓусебно признавање се случи во Белата куќа“, рече косовскиот лидер.

Тој истакна дека во време кога другите беа скептични во врска со работата на американскиот пратеник за дијалог Ричард Гренел, претседателот Доналд Трамп со постигнатиот договор во Белата куќа го стори она што другите не успеаја да го сторат 20 години.

И, поранешниот премиер Албин Курти истакна дека признавањето од Израел е првиот чекор на пријателството.

„На овој празник, од се срце им посакуваме белина на нашите еврејски сонародници. Признавањето на државата ќе биде само првиот чекор на пријателството. За време на Втората светска војна, се памети помошта на Косовците за Евреите, но и за време на последната војна во Косово, еврејскиот народ ги отвори вратите за сите бегалци. Поврзете се спогодбено едни со други. Косово го нуди своето отворено срце за унапредување на пријателството, рече Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот