Поскапува мазутот, нема промена во цените на другите горива

Фото: МИА

Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ поскапува за 1,183 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,574 денари за килограм. Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 83 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,374 отсто, кај дизелот за 1,841, кај екстра лесното масло за 2,126 и кај мазутот за 4,61 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,53 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот