Португалските острови ги стресоа 90 земјотреси за 24 часа

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA/ALANAH M. TORRALBA

Властите на португалските Азорски Острови се во дополнителна готовност, откако 90 помали земјотреси го погодија островот Сао Хорхе во Атлантскиот Океан за 24 часа, иако нема извештаи за причинета материјална штета.

Последен пат вулканот Урзелина на Сао Хорхе исфрли лава во 1808 година, а Цивилната заштита на Азорските Острови побара мислење од експерти од регионалниот центар за следење на активностите на вулканите.

Цивилната заштита додаде дека ги контактирала градоначалникот и пожарникарите, барајќи од нив да бидат во состојба на приправност и да им помогнат на жителите на островот доколку е потребно.

Сеизмичката активност започна вчера попладне, но локалните власти апелираа до населението да остане смирено, да ги следи информациите и препораките.

Потресите биле со интензитет од 1,9 до 3,3 степени според Рихтеровата скала.

Околу 8.200 луѓе живеат на островот Сао Хорхе, еден од деветте острови кои се дел од Азорските Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот