Порасна популарноста на Макрон

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER / POOL MAXPPP OUT

Откако изби пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се зголемила за 3 отсто, според резултати од анкета спроведена од агенцијата BVA.

Сега рејтингот на Макрон достигнал 32 отсто, па со тоа се враќа на нивото од септември, пред кризата која ја зафати Франција со протестите на „Жолтите елеци“.

Дури 62 отсто од Французите позитивно го оцениле говорот на претседателот и неговите дејствувања по пожарот во Нотр Дам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот