Поранешниот претседател на Сиера Леоне обвинет за предавство

Ернест Баи Корома / Фото EPA/AHMED JALLANZO

Поранешниот претседател на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома, е обвинет за четири кривични дела, меѓу кои и за предавство.

Тој е обвинет за неговата наводна улога во неуспешниот воен удар чија цел беше соборување на владата на оваа западноафриканска земја во ноември, соопшти денеска судот во главниот град Фритаун.

Британските медиуми потсетуваат дека актуелниот претседател на земјата, Џулиус Мада Био, на изборите во јуни минатата година го освои вториот претседателски мандат, додека резултатите од тие избори беа доведени во прашање од САД и Европската унија.

Вооружени напаѓачи на 26 ноември нападнаа воени касарни, затвор и други локации во земјата, ослободувајќи околу 2.200 затвореници и убивајќи повеќе од 20 лица. Владата подоцна соопшти дека бил спречен државен удар планиран од поранешниот претседател Корома и спроведен од неговите телохранители.

Вишиот суд во земјата на Комора му одобри кауција и тој во моментов се наоѓа во домашен притвор во Фритаун, додека судењето е закажано за 17 јануари.

Доколку биде прогласен за виновен Ернест Баи Корома се соочува со доживотен затвор, наведуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот