Поранешниот гувернер на Арканзас, републиканецот Аса Хачисон ќе се кандидира за претседател на САД

Аса Хачинсон, гувернер на Арканзас/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Арканзас, републиканецот Аса Хачинсон (72), во интервју за Еј-би-си (ABC) денеска соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2024 година.

Кандидатурата официјално ќе биде објавена во април, рече тој.

Хачинсон во интервјуто кажа дека верува оти Американците сакаат лидери кои се повикуваат на тоа што е најдоброто во САД, а „не само на нашите најлоши инстинкти“, пренесуваат американските медиуми.

Не верувам дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да биде следниот лидер на нашата земја, дециден беше Хачинсон.

Поранешниот гувернер на Арканзас, кој оваа функција ја извршуваше осум години, во последните месеци постојано го критикуваше Доналд Трамп.

Според неговото мислење, Трамп како претседателски кандидат би бил „најлошото можно сценарио“ што веројатно би ги зголемило шансите актуелниот американски претседател Џо Бајден да добие нов мандат  од четири години .

Американските медиуми наведуваат дека Хачинсон не е познат по огнени говори, туку по мирната реторика, а секоја недела наутро тој на Твитер објавува цитати од Библијата.

Со оваа своја најава Хачисон стана четвртиот републикански кандидат за претседателска номинација, бидејќи освен Трамп, своја кандидатура најавија и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли и забавувачот Вивек Рамасвами. Се очекува до лето и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, да и се придружи на оваа група републикански претседателски кандидати, додававаат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот