Поранешната сопруга на Безос донираше 2,7 милијарди долари во хуманитарни организации

Profimedia
Profimedia

Милијардерката Мекензи Скот и поранешна сопруга на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, донираше 2,7 милијарди долари во хуманитарни организации.

Мекензи на својот блог напиша дека сака да им даде пари на оние кои „биле потценувани и запоставени низ историјата“, пренесува „Би-Би-Си“.

Таа додаде дека избрала 286 организации кои се занимаваат со расна нееднаквост, уметност и образование. Скот исто така изјавила дека сака да го расподели своето богатство и дека со помош на тим истражувачи и нејзиниот нов сопруг, професорот Ден Џуит одбрала кому ќе донира пари.

Бевме водени од скромното верување дека ќе биде подобро ако диспропорционалното богатство не се концентрира во мал број раце“, напиша таа.

Мекензи Скот е една од најбогатите жени во светот

Најголемиот дел од парите ги стекна по разводот со Безос во 2019 година. Тој во моментов е најбогатиот човек на светот.

Како дел од договорот, Скот доби четири проценти од акциите на „Амазон“. Оттогаш, Скот, како што објави во декември, за само четири месеци донираше повеќе од четири милијарди долари на разни женски хуманитарни организации, банки за храна и колеџи.

И покрај овие огромни донации, таа сепак е 22-та најбогата жена во светот, со богатство што според магазинот „Форбс“ изнесува 59,9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот