Поранешен косовски министер смета дека оставката на градоначалниците би довело до смирување на ситуацијата на северот

Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Косовскиот поранешен министер за локална самоуправа Садри Ферати по повод одржувањето на нови избори во четири општини на северот на Косово изјави дека петицијата не е решение, а актуелните градоначалници треба доброволно да поднесат оставки, пренесува Клан Косова.
Ферати вели дека со доброволната оставка на актуелните градоначалници би се развил побрз процес кој би резултирал со смирување на ситуацијата и нормализирање на институциите на северот на Косово.

„Мислам дека има подобра опција од петиција, а тоа е соработката на централните институции со градоначалниците. Иако немаат силен легитимитет, тие се легални, бидејќи се избрани според сите законски процедури. Затоа, централниот институциите мора да ги убедат градоначалниците да поднесат оставки“, рече Ферати.

Тој додаде дека е неопходно изборниот процес да се одвива побрзо, бидејќи, како што вели, изборите ќе ги вратат Србите во институциите и ќе создадат нормализација на северот на Косово.

„Петицијата е во корист на Српската листа и Србија. Тие ќе одлучат дали тие 20 проценти ќе ја потпишат петицијата и ќе ја преземат заслугата за соработката, а прстот секогаш ќе биде вперен кон Приштина“, додаде Ферати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот