
Поради коронавирусот се одложува „Златен Гонг 2020“
Управниот одбор на боксерската федерација на Македонија донесе одлука да го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на коронавирусот.
Препорачано
Оваа година традиционално во ноември трeбаше да се одржи 50 јубилејно издание на „Златен Гонг“, но поради светската пандемија на коронавирусот не може достојно да се организира еден ваков традиционален настан.
Управниот одбор на БФМ, на седницата со едногласна одлука реши го одложи одржувањето на овој традиционален спортски настан.
– Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво – изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.
Низ историјата од разни причини „Златен Гонг“ не се одржал два пати, во 1988 и 1997 година, ова е прв случај во богатата историја, традиционалниот спортски настан да се одложи поради пандемија од светски размери.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10час
-
10час
-
10час
-
11час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5