Поповски: Времето веќе не работи за Македонија, драматично го губиме

Љупчо Поповски / Утрински брифинг
Љупчо Поповски / Утрински брифинг

Нелогично е јавноста да не се занимава со францускиот предлог. Ние треба да се занимаваме со тоа, но внимателно. Во право се пораките од Владата дека нема потреба ние да се изјаснуваме за нешто што не ни упатено директно нам туку на институциите на ЕУ. Нека се произнесат прво земјите членки на ЕУ и во ЕК, па потоа ќе видиме дали и како ќе реагираме, вели колумнистот Љупчо Поповски за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за решавање на спорот со Бугарија во денешен Утрински брифинг.

Поповски вели дека малку е нелогично луѓе кои биле во власта постапуваме внимателно, за сега кога не се во власта да велат дека сегашната Влада мора да донесе и изнесе став.

-Ако погледнеме грубо, во тој француски предлог нема ништо што  поразлично од моделот 4+1, тоа е она за што веќе разговараме. Никаде не се споменува Рамковната позиција на бугарското собрание и слично, туку се споменуваат договорот со Бугарија и Преспанскиот договор. Еднстраните декларации во овој предлог ги нема, ги има само билатералните и оние во кои е вклучена Европската унија, вели Поповски.

Поповски вели дека очите на Европа се свртени кон Украина, а не кон Западен Балкан и дека тоа е за очекување.

-Завршена е таа приказна дека времето работи за нас. Времето не работи за нас. Ние драматично губиме време. Мора да сфатиме дека времето нѐ прегазува и дека нешто мораме да преземе, заклучува Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот