Помпео: Неверојатно фрустрирачки е да се соработува со Кина за коронавирусот

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Не заборавајте, ова е коронавирус од Вухан кој предизвика епидемија, а информациите кои ги добивме не беа совршени и не доведоа до ова позиција, вели државениот секретар на САД.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ги остава САД „зад линијата” додека се обидува да ја спречи епидемијата на новиот коронавирус.

Помпео во интервју за Си-ен-би-си истакна дека е „неверојатно фрустрирачки” да се соработува со кинеската Влада за добивање на податоци за новиот коронавирус, што би можело да помогне во пронаоѓањето на вакцина.

– Не заборавајте, ова е коронавирус од Вухан кој предизвика епидемија, а информациите кои ги добивме не беа совршени и не доведоа до ова позиција. Тоа не е начин на кој би требало да се работи. Тоа не е начин на кој Америка работи, неопходни се транспарентност, отвореност и делење на информации, посочи Помпео.

Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека 21 човек на крузерот „Гранд принсес”, на кој не  му е дозволен влез во заливот Сан Франциско, се позитивни на Ковид-19.

На бродот има повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот. Инфицирани се 19 членови на екипажот и двајца патници.

Пенс истакна дека крузерот ќе биде упатени во „некомерцијалниот” дел на пристаништето каде сите патници и членови на екипажот ќе бидат тестирани, а потоа ќе бидат испратени во карантин.

Трамп истакна дека повеќе би сакал патниците да останат на крузерот.

– Лично повеќе би сакал да останат, но во целост ги разбирам ако сакат да се симнат, посочи Трамп.

Во САД вчера беа пријавени 57 нови инфицирани лица со Ковид-19. Првпат има во Колорадо, Мериленд, Тенеси и Тексас како и во Сан Франциско. Со што бројката на заразени се искачи на 230, од кои 12 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот