Помпео ги смирува тензиите: Трамп не сака војна со Иран

САД ќе продолжат да спроведуваат кампања за вршење притисок врз Иран и да „одвраќаат од агресија” во регионот, но не сакаат несогласувањата со Техеран да ескалираат, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Обраќајќи им се на новинарите во воздухопловната база „Мекдил” на Флорида, Помпео нагласи дека Доналд Трамп не сака војна.

– Ние ќе продолжиме да ја пренесуваме таа порака додека правиме работи кои се неопходни за заштита на американските интереси во регионот – рече Помпео.

Вршителот на должност американски министер за одбрана Патрик Шенахан вчера најави дека на Блискиот Исток ќе бидат распоредени уште илјада војници „во одбранбени цели”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот