Полска стравува од тензии на белоруската граница

Матеуш Моравјецки, премиер на Полска/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Актуелните настани во Русија се внатрешно прашање на оваа земја кое не претставува никаква закана за Полска, оценија вчера полските лидери, пренесуваат британските медиуми.

Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека е можно зголемување на тензиите на границата со Белорусија.

-Апсолутно веруваме дека е тоа интерна работа на Русија….ние не наредуваме никаков зголемен степен на борбенета готовност на нашата армија, изјави синоќа полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата со Бирот за национална безбедност, пренесоа британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот