Полска бара од западните сојузници да испратат ракети со долг дострел за Украина

Фото: Министерство за одбрана на Полска

Западот треба да воведе построги санкции против Русија и да го снабдува Киев со ракети со долг дострел како одговор на последното руско гранатирање на Украина, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

Русија вчера изврши ракетен напад врз двата најголеми украински града, главниот град Киев и Харков, во нов бран масовни воздушни напади во кои загинаа најмалку пет цивили и поттикнаа повици до Западот да и обезбеди повеќе оружје на Украина.

– Мораме да одговориме на последниот напад врз Украина на јазик што ќе го разбере Путин: со заострување на санкциите за да не може да произведува ново оружје со шверцувани материјали и со снабдување на Киев со проектили со долг дострел за да ги неутрализираат руските локации за лансирање и командни центри, напиша Шикорски на Х.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот