Положани: Не може уставни судии да се избираат како што се избираат министри

Седница на Уставен суд / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Поранешниот уставен судија Бајрам Положани за „Слободен печат“ вели дека блокадата на Уставниот суд е поради влијанието кое политиката сака да го има врз највиоката правна институција. Тој цени дека тука не помага ниту промена на методологијата на изборот на судиите, но смета дека доколку се отвора Уставот треба да се засилат критериумите за избор на уставните судии.

Положани смета дека судот може да се одблокира само ако има политичка волја.

-Уставниот суд сега е со тенко мнозинство. Се бара одговорност од пратениците, а како да не знаеме дека тие дејствуваат според партиски инструкции. И да се промени начинот на избор на судии и било каков политички механизам да се понуди, сепак треба политичка волја. Ако на политичарите им одговара, ќе се договорат, ако не Уставниот суд ќе остане инвалидизиран, како што е сега.  Потребно е да се зајакнат и квалификациите за избор на уставните судии. Не може уставни судии да се избираат како што се избираат минситри – вели Положани.

Тој додава дека при отворање на Уставот треба да се донесе закон за Уставниот суд, а не како сега со Деловник да е уреден начинот на работа и одлучување на судот.

Положани предлага покрај сегашните форми на одлучување на Уставниот суд, кога се оценува уставноста на  закони кои во Собранието се донесуваат согласно Уставот со посебни мнозинства, квалификувани мнозинства, двотретинско мнозинство, Бадентерово мнозинство, од аспект на консензуалната демократија во законодавниот дом и во работата на Уставниот суд кога се оценуваат овие законски акти да се одлучува согласно тие посебни мнозинства.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот