Полјак со секира нападнал тинејџерка во германски воз, девојката е тешко повредена

Секира/илустрација / фото: negativespace.co

Седумнаесетгодишна девојка е тешко повредена денеска откако во воз ја нападнал насилник, кој носел предмет сличен на секира, откако претходно им се заканувал и на други патници, јавуваат медиумите.

Осомничениот 37-годишен маж во градот Губен, близу границата со Полска, се качил во возот кој сообраќал меѓу источните германски градови Франкфурт на Одра и Котбус.

Мажот, кого полицијата го идентификувала како полски државјанин, трчал низ неколку вагони пред полицијата да биде известена за инцидентот. Тој притоа оштетил делови од ентериерот и уништил екрани.

Потоа со предмет кој наликувал на секира нападнал 17-годишна девојка и ја повредил во главата, соопшти портпаролот на локалната полиција. Полицајци се качиле во возот, успеале да го совладаат и да му го одземат ладното оружје. Жртвата е префрлена во болница, но не ѝ е загрозен животот, велат од полицијата.

Осомничениот се наоѓа во притвор. Тој не бил под дејство на наркотици или алкохол. Полицијата засега не изнесе повеќе поединости за инцидентот, но соопшти дека во моментов не постојат индиции дека злосторството е религиски или политички мотивирано.

Медиумите потсетуваат на инцидентот од февруари годинава кога Палестинец со нож избоде неколку патници во воз на релацијата меѓу северниот градови Кил и Хамбург. Тогаш беа убиени две лица, на 16 и 19 години, а уште седум други беа ранети. Напаѓачот, кој од претходно ѝ бил познат на полицијата, кусо пред инцидентот бил пуштен од притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот