Политика на „речи па порекни“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата во Загреб, кажа дека ќе го почитува Договорот за пријателство со Бугарија, а истиот ден од неговата партија објаснија дека имаат принципиелен став кој го презентираат секогаш и секаде, а тоа е дека поддржувале и ќе поддржуваат се она кое што е во прилог на граѓаните и на Република Македонија. Но во никој случај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски не може да прават компромиси со јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев кои биле и ќе останат македонски.
Медиумите два дена ја вртеа, а граѓаните ја гледаа видео снимката од средбата што ја објави бугарскиот претседател Бојко Борисов на својот официјален фејсбук профил. Комуникацијта течеше вака:
Борисов: „Дали вие ќе го “подкрепите” Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија?“. Мицкоски: „Сѐ што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија ние ќе подкрепиме“.
И на другите политички лидери им се случува да зборуваат едно во четири очи, а друго пред јавноста. На таквото однесување граѓаните се сведоци и во комуникацијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Посвеж пример е кога тој негираше дека неговото семејство има градежни фирми, за потоа да потврди дека тие фирми биле нивна сопственост. Од ваково однесување не е далеку ниту лидерот на ДУИ Али Ахмети кој знае да каже дека не бил добро разбран од новинарите.
За ваквите „недоразибрања“ меѓу новинарите и политичарите, или пак меѓу политичарите и јавноста, комуникологот Климе Бабунски за „Слободен печат“ вели дека во основа тоа не им се случува само на домашните политичари, туку и на политичарите во светот.
– Ништо ново. Политичката комуникација, поконкретно говорот во рамки на таа комуникација, не е толку зависен директно од денот на изборите или близината на изборите. Тоа генарално зависи од задачите што си ги поставил политичкиот субјект и неговата политичка култура. Периодот е погрешна рамка. Многу е поважно да се има гравитациона точка, не во одреден период, туку во рамки на одредена проблематика која пак повторно ја вклучува димензијата време – како се менуваат ставовите во дадено време. Тоа е попрецизна диоптрија отколу да се врзе со изобри – вели комуникологот Бабунски за „Слободен печат“.
Комуникологот Бојан Кордалов, пак, вели дека граѓаните се тие кои треба да проценат и сами да донесат оценка за однесувањето на политичарите. Не се случува првпат политичарите да зборуваат едно, а да прават друго. Јас го нарекувам тоа „две вистини без ниту една допирна точка“, вели Кардалов.
– Тоа е дел од балканската политика на политиката на „речи па порекни“ на речиси сите политичари, без исклучок, правејќи гладијаторска арена од секоја таква тема. И тука нема исклучок, ниту за челниците во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или другите политички партии, особено кога сме во предизборно време. А, кога не сме?! Ваквиот нивен однос перманентно покажува дека политичарите немаат доверба во граѓаните и јавноста да донесе свој личен став за кого ќе гласа и поради кои причини. Освен за време на предизборна кампања, кога декларативно на секој јавен настап кандидатите се повикуваат и го бараат гласот на секој граѓанин за да (о)станат власт – вели Кордалов.
Според него, за да не продолжува и понатаму политиката на „речи па порекни“ решенијата треба да се бараат во креирање на заеднички натпартиски стратегии и политики кои сите политички субјекти ќе ги почитуваат. Партиите и нивните лидери мора да сфатат дека било кое политичко препукување носи само мобилизација на сопственото членство, но не и на неопределените гласачи кои ја носат одлуката за победниците на секои избори.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5