Политичките случувања и нивното влијание врз економијата во фокус на средбата на Пендаровски и Азески

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Политичките случувања во земјава и нивните влијанија врз економскиот амбиент, како и за заштита на интересите на бизнис заедницата беа главните теми на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и делегација од Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот на комората Бранко Азески и претставници од Асоцијацијата во Стопанската комора на Северна Македонија ТИМ-40.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој бил информиран за иницијативата за потпишување на Декларација за економски реформи, политики и мерки, којашто е поттикната од бавниот реален раст на македонската економија, кој од периодот од 1993 до 2021 година просечно годишно изнесува само 1,7 отсо.

Според претставниците на Комората постојат пет приоритетни области во нашата држава, потенцирајќи дека за создавање на стабилен и предвидлив економски амбиент неопходно е решавање на сивата економија, корупцијата, гасификацијата, решавањето на проблемите со извозните компании, издавањето на дозволите за градба и регулирање на статусот на интернет порталите – се наведува во соопштението.

Пендаровски ја поддржал иницијативата и ги поздравил напорите на бизнис заедницата. Според соговорниците, за да се унапредат севкупните економски односи, потребно е дијалог и меѓусебна соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот