Полицијата затвори угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид кои работеле после дозволеното

Фото: Архива

На 09.01.2021 во 19.20 часот при извршена контрола во угостителски објект во Дебар, сопственост на Д.С. од Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар во координација со Државниот пазарен инспекторат објектот е затекнат отворен и во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се лишени од слобода, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера извршија контроли и во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен, посочуваат од МВР.

При контрола на угостителски објект во населбата Св.Стефан во Охрид синоќа во 21 часот од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18 часот и во него биле затекнати пет лица, при што околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени соодветни мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот