Полицијата објави фотографии од дијамантите украдени од музејот во Дрезден (ФОТО)

Фото: EPA

Во понеделникот, од државниот музеј во Дрезден беа украдени три непроценливи збирки на дијаманти. Овој грабеж, германските медиуми го карактеризираа како најголемиот грабеж на уметнички дела уште од Втората светска војна.

Крадците влегле во историскиот музеј „Зелен трезор“, во Кралската палата во Дрезден, каде се чуваат 4000 драгоцени предмети од злато и сребро.

Непроценлив накит

Вработена во музејот изјави за новинарите дека вредноста на украдениот накит е непроценлива.

– Не можеме да ја кажеме точната вредност, бидејќи украдените дијаманти се непроценливи – рекла таа по грабежот за медиумите.

Објавени фотографии од ограбениот накит

Полицијата во меѓувреме објави видео, а нешто подоцна и фотографии од украдениот накит, кои можете да ги видите на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот