СНИМКИ ОД ГРАБЕЖОТ ВО ДРЕЗДЕН: Крадците со лампи и секири го обезбедија милионскиот плен (ВИДЕО)

Фото: Bloomberg TicToc

Германската полиција објави видеоснимка од вчерашниот грабеж во музејот „Зелен трезор” во Дрезден. Акцијата траела неколку минути, а украдениот накит е од непроценлива вредност.

Ограбувачите имале батериски лампи и секири. На снимките од безбедносните камери, кои работеле и по прекинот на струјата, се гледа како еден од крадците со секира го крши стаклото на витрините и зема накит.

Според официјални податоци, станува збор за најголемиот грабеж на уметнички предмети по Втората светска војна. Натрапниците вчера влегле во историскиот дел на музејот, што се состои од два дела, и каде што се чуваат околу 4.000 скапоцени предмети од слонова коска, злато, сребро и скапоцени камења. Во првиот оддел се чуваат скапоцености од периодот на полскиот крал Август Втори Силниот, кој владеел 1687 – 1733 година, а во другиот, нов оддел, има колекции на поединци.

Директорката на музејот Марион Акерман изјави дека украдените дела се од непроценлива вредност и оти е невозможно да се продадат на пазарот.

Полиција сè уште трага по двајца осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот