Полицијата со превентивни активности за заштита од имотни деликти и зголемена безбедност во сообраќајот

Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден превентивните активности на МВР на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Штип, беа насочени кон заштита на граѓаните од имотни деликти, потоа сообраќајната безбедност и заштитата од шумски пожари.

На подрачјето на СВР Битола, односно во Ресен полициските службеници имаа средби со граѓаните околу превенцијата од џебни кражби, кражби, разбојништва, измами… а беше разговарано и со возачите на земјоделски машини и земјоделска механизација во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи. И во Велес и во Кавадарци на истата тема – заштита од имотни деликти – полициски службеници од СВР Велес разговараа со граѓаните за начините за превенција од овој вид криминал, соопшти МВР.

На подрачјето, пак, на СВР Штип, поточно во Берово, полициски службеници од ОВР Берово во содејство со Шумското стопанство Берово спроведоа превентивно-едукативни средби на теми поврзани со заштита на шумите од пожари и законските прописи од оваа област, вклучително и казнените одредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот