Полицијата постојано на терен: Се’ поголеми немирите во Солун и Атина

Групи Роми предизвикаа инциденти во населби во западниот дел на Атина/Фото: Фејсбук

Бранот протести на Ромите се шири и ги зафати областите на западна Атика, каде живеат многу од нив, како и внатрешноста на земјата.

Како што минуваат деновите на неизвесност за животот на 16-годишник кој беше застрелан во задниот дел од главата од припадник на специјалните единици додека бегаше од бензинска пумпа, каде што не ги плати 20-те евра вредни гориво, незадоволството кај Ромите расте, а конфликтите со полицијата во Атина и Солун стануваат се поинтензивни.

Членови на семејството на младиот човек веќе неколку дена дежураат пред болницата во Солун, заедно со голем број граѓани кои сметаат дека виновна е полицијата. На смирување на ситуацијата, на прекин на немирите и насилството апелираат адвокатите на семејството, како и претставници на ромската заедница.

Предградијата на главниот град и улиците на Солун, особено оние околу болницата каде несреќниот млад човек се бори за живот, наликуваат на бојно поле. Големи групи неистомисленици палеле се пред себе, продавници, автомобили и контејнери, палеле автомобилски гуми за да блокираат патишта, напаѓаат полицајци, ги гаѓаат со камења, па дури и со „молотови коктели“.

Меѓу нив има и вооружени. Пукале, го раниле полицаецот и рекле дека нема да мируваат додека не биде задоволена правдата. Таткото на ранетиот Ром вели дека доколку полицаецот што пукал во младиот човек не биде соодветно казнет и ако биде ослободен, ќе ја земе правдата во свои раце и на ист начин ќе го казни.

Полицаецот кој пукал е во притвор за обид за убиство. Околностите под кои се случило се истражуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот