Полицијата лиши од слобода тројца избегани затвореници од Идризово

Затвор Идризово / Фото: МИА

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода тројца избегани затвореници од Идризово.

Околу 09.00 часот денеска тие побегнале од Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде што биле на издржување казна затвор. Имено, тројцата се забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната.

Додека, М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната. Тие ќе бидат спроведени во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот