Поладнево ќе се дефинираат новите мерки за поддршка на граѓаните и стопанството

Димитар Ковачевски/Фото: МИА

Не би сакал да коментирам за дополнителните, нови мерки пред да се донесат. Попладнево ќе заседава Економскиот совет на кој ќе се разгледуваат финансиските импликации врз буџетот, крајните цени на производите и алатките за задржување на ликвидноста на компаниите. Се прават анализи од сите аспекти кои влијаат врз цената на одреден производ и услуга – даночен дел, маржите, по што мерките ќе бидат предложени и донесени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Економскиот совет ќе заседава попладнево, во 17 часот, и на него, како што истакна Ковачевски, ќе присуствуваат и надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес во дискусијата за избор на најдобри решенија во насока на заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството.

Премиерот уште еднаш повтори дека во земјава има непречено снабдување со нафта и нафтени деривати, а цените, рече, не ги знае, зашто за тоа е задолжена Регулаторната комисија за енергетика како независно тело кое носи одлуки според методологијата.

-Има доволни количини на бензинските пупмпи и во државните резерви. Она што се случува на бензинските е од шпекулативни причини. Оние што продаваат нафта сакаат да остварат „воен профит”, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот