Покрената истрага против дилери на марихуана во Тетово и Велес

Фото: МВР

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот, на 11 октомври, кај осомничените на возраст од 24 и 22 години биле пронајдени вкупно околу 1,2 килограми марихуана и една дигитална вага. За двајцата осомничени јавниот обвинител предложи да биде определена мерка притвор.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице. Кај осомничениот, кој и претходно е осудуван за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, полицијата во краток период во два наврати пронашла  марихуана.

Имајќи ги предвид сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да определи мерка притвор за осомничениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот