Поголем број земји-членки на ЕУ би поддржале укинување на рестриктивните мерки за Косово

Поголемиот број земји-членки на Европска Унија се залагаат за укинување на рестриктивните мерки за Косово, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.

Единствена разлика помеѓу земјите-членки, како што наведува РСЕ, е дали да се укинат мерките постепено или веднаш.

Група земји, меѓу кои Германија, Италија и Франција, го поддржале постепеното укинување на мерките против Косово, доколку властите во Приштина продолжат да покажуваат напори за деескалација на ситуацијата, додека останатите земји се за итно суспендирање на мерките.

На вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се дебатираше за укинување на мерките за Косово, а извештај поднесе и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак. Дел од амбасадорите посочиле дека сакаат поизбалансиран став на ЕУ кон Косово и Србија.

Амбасадорите побараа од високиот претставник на ЕУ, Жозеп Боре да подготви извештај до Советот на ЕУ за напредокот на Косово во спроведувањето на постоечките барања на ЕУ. По извештајот повторно ќе се дебатира за евентуалното укинување на мерките за Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот