Погба се подалеку од Реал Мадрид

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Сапуницата околу Пол Погба и неговото доаѓање во Реал Мадрид сè уште трае, а се чини дека крајот нема да биде по вкус на самиот фудбалер.

Имено, Пол Погба за да потпише за Реал Мадрид бара плата од 16 милиони евра, со што би станал најплатен фудбалер во екипата, и засега единствен сојузник има во тренерот Зинедин Зидан. Лакомоста на Погба и на неговиот менаџер, Мино Рајола, ги сврте претседателот Флорентино Перез и капитенот Серхио Рамос, против него. Токму затоа „Марка“ пишува дека неговите шанси да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ секојдневно се намалуваат.

Згора на тоа, Реал Мадрид веќе работи на резервниот план, ангажман на Дони Ван де Бек од Ајакс кој сезонава игра фантастично. Иако холандскиот тим не планира да го продава, Перез подготвил првична понуда од 50 милиони евра.
Доколку Реал Мадрид го ангажира Ван де Бек, тогаш Погба има само една опција, враќање во Јувентус но ќе мора да ги намали побарувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот