Подготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телото

Летото наближува и веројатно веќе размислувате за слабеење. Доколку сте ги направиле потребните промени во исхраната и сте почнале со некоја физичка активност, овие чаеви ќе ви помогнат побрзо да ги добиете посакуваните резултати.

1. Чај од нане

 

Чајот од нане можеби не е помеѓу популарните, но е одличен сојузник во борбата против килограмите. Мирисот на ментол го намалува чувството на глад. Доколку редовно пиете чај од нане а притоа и го мирисате, ќе јадете помалку, па вашето тело побрзо ќе ги согорува мастите.

2. Мача чај

 

И мача чајот може да ви помогне во слабеењето Имено, овој пијалак содржи состојки кои го поттикнуваат топењето на мастите, но и го спречуваат настанувањето на новите, особено околу стомакот. Меѓутоа, со овој чај потребно е и да спортувате. Доколку, на пример, сакате да го намалите стомакот, правете и по неколку стомачни во текот на денот.

3. Зелен чај

 

Зелениот чај може да ве разбуди бидејќи содржи доста кофеин. Истовремено, тој го регулира варењето, а со тоа помага при топењето масти. Доколку сакате да ослабите, секој ден пијте по една шолја зелен чај.

4. Гоџи чај

 

Гоџи бобинките го поттикнуваат работењето на метаболизмот. Наводно, телото поефикасно ги согорува калориите доколку консумирате гоџи бобинки. Овој ефект го има и чајот од нив, па слободно консумирајте го редовно.

5. Бел чај

 

И белиот чај е одличен кога станува збор за топење на мастите. Состојките на чајот го спречуваат создавањето на нови масни наслаги, а истовремено го поттикнуваат согорувањето на веќе постоечките. Покрај тоа, белиот чај има и одличен вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот