профимедиа

ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ЛАС ВЕГАС: Зрачеше од луксуз, во базените течеше шампањ, а сега е обична рушевина (ФОТО)

Хотелот „Haludovo Palace” на Крк ги привлекуваше најбогатите луѓе од Западот откако во него пари инвестираше познатиот медиумски магнат Боб Гучоне.

Екстериерот му беше уреден во бруталистички стил, но ентериерот беше целосно хедонистички. Меѓутоа, славата на местото кое многумина го замислуваа како „југословенскиот Лас Бегас“ не потраа. Неколку години подоцна, од палатата остана само рушевина.

профимедиа

За разлика од други источноевропски земји под комунистичко владеење, Југославија имаше закони кои овозможуваа странски инвестиции во коцкарници и игри на среќа.

Правилото било такво што во коцкањето можеле да учествуваат само странски туристи, а не и жителите на Југославија. Ова го засилило притисокот коцкарниците да ги привлечат богатите лица од Западот.

профимедиа

Своја прилика во тоа видел и Боб Гучоне, основачот на еротскиот магазин „Пентхаус“.
Тој инвестирал 45 милиони долари во хотелот „Haludovo Palace” во чии рамки отворил „Пентхаус адриатик клуб“, кој опфаќал и казино.

Казиното било предвидено така што ќе им конкурира на оние во Лас Вегас и ќе ги привлече најбогатите туристи. Гучоне сакал да покаже дека туризмот може да претставува пат кон подобрувањето на комуникацијата меѓу Советскиот Сојуз и остатокот од светот.

– Со реализацијата на овој проект – јадранскиот „Пентхаус“ на Крк, имаме прилика да поттикнеме голем процес на повторно образование: Станавме партнери во отстранувањето на сомнежот и незнаењето – изјавил Гучоне во пресрет на отварањето.

Се надевал дека туризмот ќе ја отвори комуникацијата и ќе ги ослободи патниците од стигмата која ја поврзуваше Југославија со Советскиот Сојуз.

Со отварањето во летото во 1972 година, хотелот на гостите им пружил луксузно искуство со куглање, тениски терени, затворени и отворени базени. Оваа хотелска населба исто така имала и бујни градини.

Хотелот како хостеси ги користел таканаречените „Миленичките на Пентхаус“. Тие им помагале на гостите при коцкањето, им досипувале шампањ во чашите и ги послужувале со огромни количини на јастог и кавијар.

Станувало збор за таков луксуз што, наводно, некои базени биле наполнети со шампањ, па во нив уживале сите богаташи.

За жал, помалку од една година подоцна, „Пентхаус адриатик клуб“ банкротирал. Хотелот не привлекувал толку богати лица од Западот колку што било потребно за да издржи, па наскоро го преземал нов сопственик.

профимедиа

Хотелот ја намалил својата екстраваганција, но и понатака ја задржал репутацијата на врвно летувалиште и угостувал многу познати гости, вклучувајќи го и Садам Хусеин.

Меѓутоа во 1991 година кога избила војната хотелот веќе не бил атрактивна опција за одмор за странците, па бил принудно затворен.

профимедиа

Хотелот бил претворен во база за избеглици. Од многу соби бил украден мебелот и уредите.
По војната, ерменско-рускиот бизнисмен Ара Абрамијан го купил хотелот, но не го реновирал.

Два претседатели на Хрватска досега го молеле Ару Абрамијан да го заживее хотелот, но тој останал целосна рушевина.

профимедиа

Денес внатрешноста, која некогаш била полна со скапоцен удобен мебел и украси, полна со скршено стакло, парчиња бетон, а ѕидовите се обраснати со коров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!