Фото: Инстаграм

Подеми и падови, многу љубов и по некоја кавга низ годините: Еве како изгледаа Тамара и Катарина пред 11 години

Пријателството на пејачката Тамара Тодевска и топ-моделот Катарина Ивановска датира многу одамна, уште кога и двете беа во екот на своите кариери во раните дваесетти. Низ годините важеа за одличен тандем кои покрај кариерата, беа доста познати и популарни, тренди девојки во Скопје.

Фото: Инстаграм

Сепак, не беше секогаш сјајно кога е нивното пријателство во прашање. Имаше лутење, отследување па следење на социјалните мрежи, по некоја кавга, но секогаш пријателската љубов меѓу нив беше посилна.

И така речиси 20 години, сè додека и двете не го „искусија“ мајчинството. Тамара од бракот со Мачка ги доби Хана и Дарен, а Катарина од врската со Цобе, Вања и Кира.

И денес тие се одличен тандем и верни пријателки, кои заедно уживаат но на еден поинаков начин живеејќи го, како што Катарина милува да каже, вториот живот.

Иако во едно недамнешно интервју моделот на шега изјави дека и денес знаат да се „поткараат“ со Тамара, сепак, тие се верни пријателки и така ќе биде секогаш.

Интервју со Тамара Тодевска: Ѝ дадов шанса на љубовта, Лука ме прави среќна

Интервју со Катарина Ивановска, топ-модел: Свесно го жртвував највозбудливот дел од младоста заради професијата, но решив дека нема да го пропуштам мајчинството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот