Почнува реконструкција на салата „Партизан“ во Карпош

Откако неодамна беше ограден просторот, денеска започна расчистувањето на теренот, со што всушност стартуваат градежните активности за реконструкцијата на објектот на спортската сала „Партизан“ во Карпош 4.

Инвеститори на проектот се Агенција за млади и спорт и Општина Карпош, а изведувач на градежните работи е фирмата „Спектатермо“ ДОО Скопје. По целосната реконструкција на салата која е предвидено да трае 20 месеци, објектот повторно ќе биде ставен во употреба на задоволство на сите жители на општината – информираат од Општина Карпош.

Иницијативата за спас и обнова на „Партизан“, Општина Карпош ја започна на почетокот на 2019 година. По враќањето на салата во владение на општината, локалната власт во соработка со здружението „Културно ехо“ спроведе анкета за избор на идејно решение за реконструкција на салата. Идејните проекти беа подготвени од домашни и странски млади архитекти на здружението, а изборот преку анкета го направија граѓаните на Карпош. Карпошани најмногу, односно 878 гласови дадоа за идејното решение подготвено од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.
Врз основа на овој идеен проект, Агенцијата за млади и спорт потоа го работеше основниот проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот