Почнаа да се менуваат информативните табли на патиштата поради законот за употреба на јазиците

Тетовската секција при Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) денес започна со поставување нови информативни табли на автопатот А2 Скопје-Тетово на кои сега покрај на македонски јазик има информации и на албански јазик.

Според информациите од тетовската секција на јавното претријатие промената доаѓа по донесувањето на законот за употреба на јазици при што покрај службниот македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на таблите треба да се користи и друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик).

-На автопатот на влез во Тетово поставена е нова поголема и по различен облик информативна портал табла. На таблата сега информациите се истакнати на македонски јазик, албански јазик и на латинично писмо, информираат од јавното претријатие-секција Тетово.

Таблите ќе се менуваат во текот на наредните месеци. Покрај на автопатот нови табли ќе има и на останатите регионални и магистрални патишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот