Почна Велигденскиот пост- воздржете се од мрсна храна но и од гнев, лутина и љубомора

Денеска започнува големиот Велигденски пост, кога верниците се подготвуваат за најголемиот Христијански празник, Велигден. 

-Постот е еден вид воздржување. Таа заповед Господ им ја дал уште на Адам и на Ева кога им рекол да јадат од секое дрво, само да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото. Целта била да се научат на послушност и на исполнување на Божјата воља. Постот го практикувале и старозаветните пророци, Мојсеј, Данило, св. Илија, но и во новиот завет, Господ својата проповед ја започнува со четириесетдневен пост, што значи дека постот е прикажан и во Стариот завет и од самиот Господ кога во тело на човек дошол на земјата. Постот е и мајка на здравјето, но телесен пост без духовен пост не значи ништо. Да се пости духовно значи да се воздржиме од лоши мисли и дела, да се оддалечиме и од гнев, лутина и завист, објаснува Отец Сашо од Соборниот храм.

Црквата востановила четири постови. Во среда се пости затоа што тогаш Господ Исус Христос бил предаден, во петок бил распнат, но најголем и настрог пост е Велигденскит пост, затоа што Воскресението е најголемиот празник во Христијанството е воскресението.

-Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и проповедтта и верата. Токму затоа за овој празник се подготвуваме со малку построг пост. Од понеделник до петок се пости без зејтин, сабота и недела се пости со зејтин, а риба се јаде само на Благовец и на Цветници. Сепак, тие кои поради нарушено здравје не можат да го издржат строгиот пост, добиваат благослов да можат да постат со зејтин во текот на целиот пост. Истото важи и за старит луѓе и за децата, објаснува Отец Сашо од Соборниот храм.

Првите три дена од почетокот на Велигденскиот пост се нарекуваат тримери. Тримерите претставуваат една построга односно најстара форма на постење, бидејќи за овие три дена додека е пост, оние што почнале да постат не смеат ништо ниту да јадат ниту да пијат. Во минатото тримерењето било широко распространето, за разлика од денес, но се уште има верници кои тримерат.

-Се уште има верници кои земаат благослов за да тримерат. Пред тоа се консултираат со својот духовник, по што започнуваат да тримерат без вода и храна. Третиот ден доаѓаат да ја примат светата водичка и се подготвуваат за причесна. Причесната никого не разболува, туку лечи. Ние 2.000 години со причесна ги лечиме луѓет и се би било празно кога не би се причестиле. Христос рекол: Кој не го јаде моето тело и не ја пие мојата крв, нема да има живот вечен. Целта на верникот што пости е на крај да го прими Христа. Самото доаѓање во Храмот е поврзано со слушање на молитва и земање на причест, инаку храмот би бил само обична ѕидина и ништо повеќе. Христијанинот треба да го прими Бога, за да не остане нашата душа на демонот. Луѓето не треба да се плашат од причесната, туку од тоа како и пристапуваат на причесната, вели Отец Сашо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот