Почна постапката за носење закон против нефер трговски практики

Производи на каса во маркет / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Со предложеното законско решение како крајна цел се намалени цени за крајните потрошувачи

Предлог-законот за забрана на нефер трговски практики во синџир на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, во прво читање, беше прифатен вчера од собраниската Комисија за европски прашања и проследен во натамошна собраниска процедура.

За овој закон многу долго се зборуваше и се вадеше како главен адут во време на високата инфлација, како законско решение што ќе им оневозможи нефер профитирање на трговците. Во јавноста честопати се поставуваше прашањето зошто тој закон не се поставува на дневен ред пред пратениците.

На вчерашната седницата беше образложено дека со Предлог-законот се очекуваат позитивни ефекти и намалени цени за крајните потрошувачи.

Според Министерството за економија, кое е предлагач на законот, станува збор за примена и за целосно хармонизирање со европски директиви за нефер трговски практики во односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна.

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка упати критики затоа што, како што рече, во услови на техничка влада, се злоупотребува европското знаменце.
Нејзиниот сопартиец Антонио Милошоски исто така упати критики поради, како што рече, доцнењето на оваа директива, велејќи дека населението било оставено како жртва на инфлацијата што го уништила стандардот.

– Носењето на овој закон е добро, но задоцнето – нагласи Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот