Почна 20-тиот протест „Србија против насилството“: Вечерва прошетка по „медиумската рута“

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поминаа повеќе од четири месеци по двете масовни убиства во Србија, а граѓаните и дел од опозицијата и вечерва продолжија со протестите „Србија против насилството“. Сега главното барање е распишување вонредни парламентарни избори. Опозицијата неодамна поднесе барање до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да распише вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава. Неговиот одговор треба да го добијат до крајот на септември. Доколку навистина се случат во септември, тоа би можело да го забрза договорот помеѓу опозициските партии за тоа како тие ќе делуваат и како ќе учествуваат на претстојните избори.

Протестот „Србија против насилството“, 20-ти по ред, започна вечерва со собир на граѓани пред Собранието на Србија, а според најавите на организаторите, вечерашната прошетка ќе оди по таканаречената „медиумска рута“, до зградата „Вечерње новости“, централата на „Политика“ и Радио Белград до зградата на Радио-телевизија на Србија во Таковска.

Сообраќајот е блокиран кај плоштадот Никола Пашиќ и околните улици во близина на Собранието на Србија.

Организаторите на протестот пред неколку недели доставија барања до РТС во кои бараат јавниот сервис да известува за протестот „Србија против насилството“, за сите наводни афери на актуелната власт, како и да се отвори простор за  опозицијата.

Покрај смената на раководството на РТС и на сите членови на РЕМ, барањата на протестот вклучуваат укинување на реални програми и емисии кои промовираат неморал и насилство на телевизија со национални фреквенции, забрана на печатените медиуми чија содржина промовира насилство, агресија и го прекршува новинарскиот кодекс.

Се бара и да се укине националната фреквенција на телевизиите Пинк и Хепи поради наводно кршење на законот и промовирање насилство. Се бара и смената на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и првиот човек на безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот