Починат политичар победи на изборите во САД

Фото Јутуб принтскрин

Политичар од САД беше реизбран на неодамнешните избори и покрај тоа што почина минатиот месец.

Демократот Тони Де Лука почина од лимфом на 9 октомври, премногу блиску до изборите за да се смени гласачкото ливче или да се постави друг кандидат на негово место. Затоа, тој е реизбран на истата функција во Пенсилванија, пишуваат американските медиуми.

Тој го победи противникот Квеонија Ливингстон, освојувајќи повеќе од 85 отсто од гласовите. Се верува дека некои гласачи можеби не знаеле дека Де Лука умрел. Поради оваа непријатна ситуација следниот месец ќе се одржат вонредни избори.

Де Лука почина на 85-годишна возраст, откако веќе двапати се бореше со лимфом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот