Починат мигрант најден во близина на Гевгелија

Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.

Во Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ вчера е  пријавено дека на јужната државна граница, на непристапен шумски предел во реонот на селата Негорци и Серменин, имало починато лице, најверојатно мигрант.

Полициски службеници излегле и на местото викано „Жабја Река“, село Негорци било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот