Почина Ненад Ненадовиќ: Актерот ја изгуби битката со коронавирусот

Фото: Принтскрин / Instagram

Актерот Ненад Ненадовиќ почина вчера на 57 -годишна возраст како последица од коронавирусот. Пред неколку дена од театарот „Бошко Буха“ беше потврдено дека актерот е хоспитализиран.

Како што изјавија тогаш, „Ненадовиќ најверојатно се заразил за време на пробите во неговиот матичен театар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @balkanskim.sokakom


Ненадовиќ беше хоспитализиран во ковид – болницата во „Батајница“.

Ненад, влезе во актерскиот свет како момче, на 13-годишна возраст, кога ја доби улогата на Моjак во серијата „Враќање на отпишаните“. Покрај тоа, тој беше домаќин на повеќе од илјада емисии за деца, како што се: „Зоотека“, „Пет шоу“ и „Фазони и форе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gromade Filmske (@gromade_filmske)

Театарот „Бошко Буха“ беше негов матичен театар, каде одигра најголем број од своите улоги. Рекордер по број на претстави во 2015 година – одигра 77 претстави во првите пет месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srpski glumci (@srpskiumetnici)


Добитник е на неколку награди, меѓу кои три награди „Бухина“ за претставите „Тројца мускетари“ и „Принц – аркадна авантура“.

Зад себе ги остави сопругата Снежана и ќерките Јана и Мина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот