Почина легендарниот велемајстор Борислав Бора Ивков

Борислав Бора Ивков/фото: Serbiachess.org

Шаховскиот свет е во тага откако вечерва во Белград на 89-годишна возраст почина велемајсторот Борислав Бора Ивков.

Ивков е роден во Белград 1933 година, а во шахот се вљуби на 10-годишна возраст. Во 1951 година стана прв младински светски шампион, додека во 2006 година беше европски шампион во конкуренција на ветерани.

Борислав Бора Ивков, титулата шаховски мајстор ја доби на 16 години, додека велемајстор стана 1955. на само 22 години. Има освоено 10 олимписки медали, пет медали од светските и европските првенства, а три пати беше шампион на СФР Југославија.

Ивков заедно со Светозар Глигориќ се единствените шахисти од поранешната СФР Југославија кои играле за титулата светски шампион.

Во 1965 година, Ивков во мечот за титулата е поразен од Швеѓанецот Ларсен, а пет години подоцна беше дел од репрезентацијата на Остатокот на светот која во Белград играше мечот на столетието против поранешниот СССР.

Борислав Бора Ивков е автор на бројни шаховски книги како што се „Моите 60 години во шахот“, „Црно на бело“, „Паралели 1 и 2“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот