Почина и вториот син на Ник Кејв: Музичарот ја потврди трагичната вест

Ник Кејв и неговиот син, Џетро Лејзенби / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA/Инстаграм, Џетро Лејзенби

Ненадејно почина Џетро Лејзенби, 31-годишниот син на рок-музичарот Ник Кејв, кој ја потврди оваа тажна вест за „NME“.

„Со голема тага, можам да ви потврдам дека мојот син Џетро почина. Ќе ви бидеме благодарни ако ја почитувате нашата приватност во периодот што следи“, изјавил Кејв.

Засега сѐ уште не се знае причината за неговата смрт.

Џетро Лејзенби беше роден во 1991 година, во Мелбурн. Тој дознал дека му е син на Ник Кејв дури на 8-годишна возраст. Што се однесува до неговиот кариерен пат, тој се занимавал со манекенство, но и со актерска игра. Во последните години, тој имал изразен интерес за фотографија.

Ова не е прва семејна трагедија во животот на Ник Кејв. Неговиот син Артур Кејв почина во јули 2015, на само 15 години, по пад од карпа, откако експериментирал со ЛСД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот