Почина главниот уредник на рускиот весник „Комосомолскаја правда“

Сунгоркин и Путин/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL /

Рускиот весник „Комосомолскаја правда“ ја соопшти ненадејната смрт од „мозочен удар“ на нивниот главен уредник Владимир Сунгоркин.

68-годишниот новинар со колегите од весникот патувал во градот Хабаровск кога изгубил свест. Последните зборови на Сунгоркин пред да колабира се соопштува дека биле „ајде да најдеме убаво место за јадење“.

Според неговиот колега Леонид Захаров , три минути откако се онесвестил, Сунгоркин почнал да покажува симптоми на отежнато дишење, па го извадиле на отворено за да земе воздух.

Но, како што рече, никој на крајот не можел да го спаси со тоа што лекарот што го прегледал неговото тело објавил дека смртта била поради мозочен удар.

Смртта на новинарот е најновата во низата смртни случаи на сојузници на Путин кои „издишале“ под мистериозни околности, пишува Дејли Меил.

Насловната страна на весникот денеска гласеше „Збогум шефе!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот