Почина Барбара Волтерс, една од најпопуларните американски новинарки

Новинари /фото: МИА

Барбара Волтерс, една од најпопуларните новинарки на американската телевизија, првата жена водителка на вечерната информативна програма на американската мрежа Еј-Би-Си, почина на 93-годишна возраст, соопшти нејзината долгогодишна компанија Еј-Би-Си Њуз.

Барбара беше вистинска легенда, пионер не само на жените во новинарството, туку и на самото новинарство, напиша поранешниот претседател на Еј-Би-Си Роберт Игер на Твитер.

Во нејзината медиумска кариера која траеше пет децении, Волтерс интервјуираше низа светски лидери, вклучувајќи го кубанскиот претседател Фидел Кастро, Британката Маргарет Тачер, либискиот лидер Моамер Гадафи, ирачкиот претседател Садам Хусеин, руските претседатели Борис Елцин и Владимир Путин, како и сите американски претседатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот