По повод Денот на ослободување на Скопје, планинарите ќе го искачуваат Љуботен

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Градот Скопје, за време на викендот во организација на планинарскиот клуб „I love hiking group Macedonia” организираше традиционално искачување на врвот Љуботен.

Од планинарскиот клуб информираат дека над 300  планинари и љубители на планината се искачувале во отежнати временски услови.

– Љуботен е врв кој стои гордо на грбот на градот Скопје и преставува еден вид пристаниште за сите ветришта и невремиња кои му се спремаат на градот. Утрото на искачување беше многу ветувачко, тргнавме полни со желба и емоции за тој врв. Но, како се ближеше врвот така временските услови драстично се менуваа. Дали како најмладо друштво бевме тестирани од самиот врв, за самиот настан, само времето ќе покаже. Иако веќе беше паднато магла, и целиот тој див беше покриен со бела покривка, ние сепак решивме да ја пресечеме таа топлина која ја добива врвот од маглата, која лежи на неговите колена. Во искачувањто се надминуваме себеси, суровсота стана се по неподнослива. Во таа виулица и тој замрзнат снег што врнеше горе, вербата и желбата ако не се скршат тогаш се удвојуваат и зациментираат за да служат за идни времиња. А горе пак на врвот ветерот кој е добар сојузник на облаците се потруди силно да ни ја покаже околината со која располага врвот но не успеа со намерата, горе вледеат облаците. Со тешки борби со самите себе се качивме скоро сите и се симнавме долу да го прославиме денот на нашите баби и дедовци кои давале животи за нашата денешна слобода. Секоја година овој настан ќе биде дел од нашите искачувања, се посочува во соопштението на планинарскиот клуб.

Од таму информираат дека учествувале планинари и од планинарските клубови „Тетекс” од Тетово и „Калин Камен” од Крива Паланка, а имало учесници и од Кавадраци, Битола и Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот